Аматерите од Гибралтар ја чекаат Македонија: Селекторот Рибас го објави списокот за дуелот во Лигата на Нации

Македонската фудналска репрезентација на 6.септември со гостување против Гибралтар ќе го стартува новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации. Прв ривал е аутсајдерот Гибралтар, а селекторот на оваа селекција Хулио Цезар Рибас го објави списокот на фудбалери. Најголемиот дел се аматери, кои работат како цариници, полицајци, но има и млади фудбалери кои се обидуваат да запловат во професионалниот фудбалски свет.

Во последните квалификации за Светското првенство во Русија, репрезентацијата на Гибралтар не освои ниту еден бод во групата. На 10 натпревари, нанижа исто толку порази со гол разлика од 3-47. Сепак, пролетва селекцијата стигна до изненадувачка победа (1-0) над Летонија, што секако треба да биде добро предупредување и за избраниците на Игор Ангеловски.

Мечот меѓу Македонија и Гибралтар е закажан за 6. септември, со почеток во 20.45 часот, на стадионот „Викторија“ во Гибралтар.

Се вчитува...