Американска доминација на последниот ден на СП во атлетика

Американските штафети на 4×400 метри доминираа на последниот ден од Светското првенство во атлетика кое се одржува во катарска Доха. Мажите во состав Крли, Чери, Лондон и Бенџамин до златото дојдоа со време од 2:56.69 минути. Второпласирана заврши штафетата на Јамајка, додека со бронза с езакитија Белгијците.

Женската штафета во состав Френсис, Меклафлин, Муамед и Џонатас до титулата стигна со време од 3:18.92 минути. Среброто им припадна на неверојатните Полјачки кои поставија нов национален рекорд (3:21.89), додека со бронза се закити Јамајканската штафета.

Еден два победа на Американките на трката на 100 метри со пречки. Златото и припадна на Ниа Али која делницата ја истрча за 12.34 секунди, што беше за 12 стотинки подобро од светската рекордерка Кендра Харисон. Вилијамс од Јамајка со 12 стотинки послабо време ја освои бронзата.

Андерсон Питерс од Гренада е сензационален победник во фрлање копје. Тој до златото стигна со фрлање од 86.89 што е просечен резултат во оваа дисциплина. Среброто му припадна на Естонецот Магнус Кирт кој во претпоследната серија заработи повреда на рамото поради која мораше со носилка да биде изнесен од стадионот. Само бронза освои актуелниот шампион и прв фаворит германецот Јоханес Фетер.

Уганда стигна до титулата на најдолгата стадионска атлетска трка. Џошуа Чептегеи е херојот на оваа држава кој делницата од 10 километри ја помина за 26:48.36 минути. Подиумот го надополнија Етиопиецот Келејча и Кипруто од Кенија.

Тимоти Черјут е лауреатот на трката на 1500 метри. Кениецот во соло трка успеа да триумфира со време од 3:29.26 минути. Среброто му припадна на Тафук Махлуфи од Алжир, додека со бронза се закити Полјакот Марцин Левандовски кој постави национален рекорд.

Во женскиот скок во далечина Германката Малајка Миамбо го освои златотo со прескокнати 7.30 метри што е најдобар скок сезонава и 11 во историјата. Со сребро се закити Марина Бек Романчук од Украина со скок од 6.92, додека бронзена беше Нигеријката Есе Бруме со 6.91.

Се вчитува...