Американска доминација: Керли е нов светски шампион на 100 метри (ВИДЕО)

Најбрзиот атлетичар на денешницата, Американецот Фред Керли, е нов светски шампион на 100 метри. На Светското првенство во Јуџин, САД, најкратката патека Керли ја истрча за 9,86 секунди.

Керли одлучи да се префрли на спринтерската трка откако на СП во Доха беше бронзен на 400 метри, а на ЛОИ во Токио стигна до сребрениот медал на 100 метри.

Атлетичарите на САД доминираа на трката, откако среброто го освои Марвин Брејси со време од 9,88 секунди, а со бронза заврши Трејвон Бромел.

Се вчитува...