Американските атлетичари доминираа на првиот финале ден на Светското првенство во атлетика кое се одржува во Будимпешта.
Мешаната штафета на САД на 4х400 метри стигна до златниот медал 3:08.80 минути што е нов светски рекорд. Губитници на денот се Холанѓаните кои на 10 метри до финишот беа израмнети со Американците, но нивната најдобра атлетичарка Фемке Бол изгуби рамнотежа и падна, а со тоа заработија дисквалификација и на крајот останаа и без медал. Среброто и припадна на Велика Британија, додека со бронза се закити Чешка.
Неверојатниот Рајан Краузер од САД стигна до ново светско злато во фрлање ѓуле. Тој постави нов рекорд на шампионатите откако во последната серија фрли 23.51 метар, што е за само пет центиметри послабо од светскиот рекорд. Среброто му припадна на Италијанецот, Леонардо Фабри, додека со бронза се закити вториот Американец, Џои Ковач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА