Американски кошаркар едвај спаси глава – Јас не требаше да бидам жив

Американскиот кошаркар Мајк Хол, кој во моментов настапува за италијанскиот Клеб Баскет Ферару, замалку ќе го загубеше својот живот откако камион удри во неговиот автомобил. Поранешниот крилен кошаркар на Вашингтон Визардс објава фотографија од несреќата со која уплаши многу навивачи.

„Не требаше да бидам жив. Некој синоќа удри во мојот автомобил само што излегов од него да проверам што се случува на улицата. Налета камионот и да останев секунда повеќе внатре јас сега немаше да бидам жив. Им порачувам на сите луѓе да уживаат во животот, бидејќи сме сведоци дека се може да заврши во еден миг“, напиша Хол. 

Се вчитува...