Американците на „пола погон“ до лесна победа со Грците

Репрезентацијата на САД без апсолутно никакви проблеми славеше против Грција со 109-81 во натпреварот од Групата Ц во кој Грците единствено парираа во првата четвртина.

Американците со половина сили, се чини, дојдоа до победата. Дуелот беше нешто рамноправен единствено во првиот период од играта кој САД го доби со 23-19, а се останато беше доминација од една страна.

Остин Ривс беше најдобар кај победниците со 15 поени додека Едвардс го заврши мечот со 13 постигнати поени. Папајанис постигна 17 поени за грчката репрезентација.

Се вчитува...