Аморим на крајот ќе заврши во Вест Хем

По елиминацијата од Леверкузен во четвртфиналето на Лига Европа и шокантниот пораз од Кристал Палас претходниот викенд (5-2), раководството на Вест Хем размислува за промени.

Клупата на Дејвид Мојс се „тресе“ по серијата лоши резултати во изминатиот период и речиси загубената шанса повторно да се најде во Европа, па денеска актуелниот тренер на Спортинг, Рубен Аморим слета во Лондон за да разговара со челниците на „Чеканите“ за можна соработка.

Аморим бележи фантастични резултати оваа сезона во Спортинг и е на чекор до освојување на португалскиот шампионат. Покрај Португалецот, на клупата на Вест Хем би можел да се најде и Жулен Лопетеги, доколку лондонскиот клуб не се договори со Аморим.

За услугите на португалскиот стручњак е заинтересиран и Ливерпул, но според англиските медиуми сега тоа не е реална опција.

Се вчитува...