Аморим: Неверојатно, повеќе проблеми си правиме кога ние ја имаме топката…

Проблемите во играта на Милан се надзираа и на претходните натпревари, но станаа повеќе од очигледни на синоќешниот дуел со Бенфика на кој „росонерите“ загубија дома со 0-2 и со свирежи беа испратени кон соблекувалната од своите навивачи.

Рубен Аморим се мачи да ја наметне сопствената филозофија во италијанскиот гигант, синоќа го остави Лука Модриќ на клупата за резерви и имаше огромни проблми во креацијата.

„Мојата идеја за фудбалот е да го имаш поседот на топката и да креираш. За тоа да го сториш ти треба да ја движиш топката, но искрено неверојатно ми е што ние повеќе проблеми си правиме кога топката е кај нас отколку кога е кај противникот. Се обидуваме да играме на рутина, но не можеме да искреираме речиси ништо кога ќе се приближиме до противничкиот шеснаесетник. Втор меч по ред ни се случува да одиграме катастрофално во првото полувреме, што е недозволиво. Тешко е кога ќе примите први гол, а потоа треба да бркате да се вратите во натпреварот, а се уште го имаме проблемот со креирање на шанси. Јасно е дека ќе мора многу подобро, дека пред нас е многу работа“, истакна Аморим.

Се вчитува...