Аморим откри што му пречи кај Лука Модриќ…

Милан почна одлично во новата сезона, „росонерите“ имаат седум бода по првите три рунди, а тренерот Рубен Аморим очигледно успева да ја наметне својата филозофија кај фудбалерите.

Португалскиот стратег во пресрет на дуелот со Лацио говореше на различни теми, меѓу другото и за тоа зошто Лука Модриќ не е најстандарден во таборот на Милан на стартот од сезонава.

„Модриќ е голем фудбалер, но тој понекогаш не е во состојба да го притиска противникот во пресинг во секоја одбранбена акција. Кога сте со него на теренот, добивате некои важни работи, бидејќи е играч кој управува со нашиот посед на топка што е многу важно, но исто така и губите одредени работи поради недоволната помош во дефанзивата. Затоа, јас како тренер морам да донесам одредени одлуки за секој натпревар. Ако говорам лично, повеќе ми значи да имаме квалитетен посед, дури и по цена да загубиме малку во пресингот, но секој меч е различен“, истакна Аморим.

Се вчитува...