Анатолиј Тимошчук стави крај на кариерата

Рекордерот по бројот на настапи за украинската фудбалска репрезентација, Анатолиј Тимошчук, одлучи да ја заврши својата кариера. Тој за националниот тим на Украина одигра 144 мечеви, а во 37-та година од животот одлучи дека треба да се прости од активното играње фудбал.

Тимошчук ја почна кариерата во Волин, потоа се пресели во Шахтјор Доњецк, а играше значајна улога и во рускиот Зенит. по ова, дојде трансферот на кариерата во германскиот Баерн Минхен, а во доцните фудвалски години заигра и за Каират од Казахстан.

„Немам веќе желба да играм, а тогаш едноставно не можеш да го дадеш најдоброто од себе. Годините си го сторија своето. Одлучив да ставам крај на кариерата и сега ќе барам нов предизвик во животот“, изјави Анатолиј Тимошчук.

Се вчитува...