Анчелоти им се налути на новинарите зошто го прашувале за промашените засилувања на Реал

Карло Анчелоти беше видно разочаран откако Реал Мадрид загуби од Атлетик Билбао и беше елиминиран од атакот на трофејот во Копа дел реј.

Италијанскиот стратег не ги уфрли во игра Бејл, Азар и Јовиќ, тројца играчи кои можеа да ја разбудат заспаната навална линија во отсуство на повредениот Бензема, а кога беше прашан на таа тема на прес-конференцијата, веднаш отвори „фронт“ со новинарите.

„Вие можете да мислите што сакате, но немам што да ви одговорам. Велите дека Јовиќ, Азар и Бејл се казнети, но јас не треба да ги објаснувам своите одлуки, само да стојам зад нив. Зошто ме прашувате за овие тројца, а не за Себалјос или за Валјехо, кои исто така не одиграа ниту една минута“, налутено одговори Анчелоти на ова новинарско прашање.

Потоа, искусниот стручњак се осврна и на натпреварот што неговиот тим го загуби со примен гол во самиот финиш.

„Секако дека сме разочарани, сакавме да стигнеме до трофејот бидејќи Реал оди на пехар во сите натпреварувања во кои учествува. Крос се измори и морав да го заменам, планирав нови рокади во продолженијата, но тогаш Атлетик го постигна голот и сите планови паднаа во вода. Не верувам дека овој пораз ќе остави трага врз тимот, бидејќи се уште играме добар фудбал и се наоѓаме во добра позиција на табелата. Секогаш е тешко да се игра во Билбао, нормално е некогаш и да загубите на ова гостување“, прокоментира Карло Анчелоти.


Се вчитува...