Анчелоти: Италија не е во состојба да создаде нови квалитетни фудбалери

Легендарниот италијански тренер, а сега и селектор на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека Италијанската фудбалска федерација не работи систематски, поради што репрезентацијата нема квалитетни играчи.

„Мислам дека Италија во последните години не успеа да создаде добра генерација на врвни фудбалери. Дотолку што сега, на пример, во најдобрите италијански клубови како Милан, Интер и Јувентус, нема ниту еден квалитетен италијански напаѓач“, рече Анчелоти.

Италија не успеа да се пласира на последните три Светски првенства, што е скандалозно со оглед на богатата фудбалска традиција што ја поседува…

„Верувам дека Италија мора да учествува на следното Светско првенство. Сметам дека новата генерација играчи оние во категориите до 17 и до 20 години одлично се натпреваруваат на европската сцена. Мислам дека оваа нова генерација во Италија ќе биде подобра и дека Италија може да се пласира на следното Светско првенство“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...