Анчелоти изненади со составот: Бејл во стартниот тим, за првпат по половина година

Карло Анчелоти приреди големо изненадување во составот на Реал Мадрид за денешниот дуел со Вилјареал, откако меѓу стартните единаесетмина го вклучи Герет Бејл.

Велшанецот ги одработува последните месеци од договорот со „кралевите“, речиси сите средби ги гледа од клупата за резерви, а денешниот меч е прв по речиси половина година тој да се појави меѓу првотимците на Реал. Последен пат тоj беше првотимец кај Карло Анчелоти на дуелот со Бетис одигран во Севилја на 28 август минатата година.

Тренерот на Реал не може да смета на повредениот Бензема, го остави на клупата и Лука Модриќ, па Реал ќе настапи на „Мадригал“ со следните единаесетмина: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Марсело, Валверде, Касемиро, Крос, Асенсио, Винисиус, Бејл.

Се вчитува...