Евертон минатиот викенд во Саутемптон го претрпе првиот пораз во новата сезона, а „карамелите“ ќе имаат исклучително тешка задача да се вратат на победнички патеки поради отсуството на неколку клучни фудбалери за гостувањето против Њукасл. Најголем проблем дефинитивно е неиграњето на Хамес Родригез, кој настапи повреден против „светците“, ја влоши состојбата на мускулот и сега ќе мора извесно време да мине надвор од терените.
„Хамес не може да игра, нема да ризикуваме со него викендов. Повреден е и Симус Колмен. Згора на тоа, Ричарлисон и Дињ не се во комбинација поради суспензии“, се пожали Анчелоти во пресрет на мечот во Њукасл.
Евертон моментно е лидер на табелата во Премиер-лигата со 13 бода, исто колку и Ливерпул, еден повеќе од Астон Вила и од Лестер кои се на делба на третото и четвртото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА