Анчелоти: Натпреварот против Рајо беше финале за Реал, многу фаворити овде се поразени

Реал Мадрид ги освои трите бода во градската пресметка со Рајо Валјекано и со тоа ја зголеми предноста во однос на Севилја во борбата за титулата во Ла Лига.

Шпанскиот гигант иако оствари победа од 1-0 не блескаше на „Валјекас“, но тренерот Карло Анчелоти смета дека нема ништо негативно што може да се издвои кај неговата екипа од синоќешната игра.

„Многу сум задоволен од работата, посветеноста и интензитетот вложени во натпреварот. Ова е тешко место за игра поради атмосферата, поради теренот, но ние завршивме добра работа. Овде не победиле многу тимови, особено не удобно. Можеби грешам, но денеска не видов ништо негативно. Јас сум многу среќен. Можеме да кажеме дека овој натпревар беше како финале, бидејќи Реал Мадрид обично победува во финалиња“, изјави италијанскиот стручњак.

Се вчитува...