Анчелоти не дава оставка: Ова е спорт, некогаш се губи…

Бразилската јавност жестоко го нападна Карло Анчелоти по синоќешниот шокантен пораз со кој „кариоките“ беа елиминирани во осминафиналето од СП 2026.

Италијанецот е најплатен светски селектор и беше доведен за да го одведе Бразил до самиот врв, но „кариоките“ се мачеа цело првенство, во првото коло ремизираа со Мароко, во 1/16 финалето среќно ја победија, за среќата да им го сврти грбот на дуелот со Норвешка на кој примија два гола во последните петнаесетина минути.

И додека навивачите и новинарите бараат смена на селекторот, Анчелоти веднаш стави до знаење дека тој нема намера да се повлече од функцијата.

„Не се повлекувам. Секако дека сме разочарани, но не гледам на ова како на крај, туку на почеток, на лекција од која многу ќе научиме. Не би рекол дека имавме брилијантен мундијал, но верував дека можеме да се носиме со сите, да стигнеме до самиот крај. Против Норвешка бевме подобри, доминиравме, имавме шанси во првите полувреме. И тогаш примивме два гола и загубивме. Разочарувањето е големо, но ова е спорт, се случуваат такви работи. Разочарувањата се составен дел, ќе мораме да научиме и да излеземе посилни од ова“, истакна искусниот италијански стратег на чело на бразилската репрезентација.

Се вчитува...