Анчелоти потврди дека Нејмар повеќе нема да игра за Кариоките

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, во интервју за бразилското издание на „СНН Еспортес“, потврди дека Нејмар повеќе нема да биде дел од националниот тим.

Последен настап на Нејмар за Кариоките беше на Светското првенство кое изминатото лето се одржа во САД, Канада и Мексико и на кое Бразил загуби од Норвешка во нокаут-фазата.

„Нејмар заслужи да настапи на последното Светско првенство поради своите квалитети. Но, тој потврди дека не сака да се врати во репрезентацијата. Нејмар е незаменлив, беше уникатен талент“, изјави Анчелоти.

Анчелоти веќе го започна процесот на подмладување на репрезентацијата, тој не повика дури 16 играчи кои во минатите години го носеле дресот на Кариоките. Негова цел е уште сега да изгради тим од млади фудбалери кои би атакувале на титулата на следното СП кое ќе се игра за четири години.

Бразил во септември ќе одигра два пријателски натпревари против Австралија, на 25 и на 29, а на трето октомври ќе игра контролен натпревар против Индија.

Се вчитува...