Анчелоти: Премиерлигата е поквалитетна од Серија А

Доколку можете да верувате на зборовите на некој тренер тоа сигурно е Карло Анчелоти, легендарниот Италијанец кој во својата богата кариера ги водеше најдобрите клубови од сите „Топ-5 лиги“ и освои речиси се што можеше да се освои.

Со Јувентус беше првак во Интертото Купот на УЕФА, со Милан го освои домашното првенство, Купот и Суперкупот на Италија, два пати ја креваше титулата во Лигата на Шампионите и Суперкупот, со Челси во истата сезона ги спои Премиерлигата, ФА Купот и Комјунити Шилд, беше и првак на Франција со ПСЖ, доминацијата во Реал Мадрид ја отслика со Купот, Лигата на Шампионите и Суперкупот, додека Бундеслигата и Суперкупот на Германија со Баерн Минхен.

Сега го води Евертон во една од најизедначените сезони во Англија и е на чекор до изборување на место на табелата кое води во Европа, па тоа беше и повод за 61-годишникот да направи споредба на Премиерлигата со Серија А.

„Премиерлигата е многу конкурентна. Постојат многу работи кои укажуваат на тоа зошто нивните клубови се супериорни во однос на оние од Серија А. Во Италија има премногу тактика која води до помал интензитет, а од другата страна, најдобрите играчи и тренери настапуваат во Премиерлигата“, изјави Анчелоти па ја објасни состојбата во англискиот фубал во текот на пандемијата на коронавирус…

„Квалитетот е тој кој ја прави разликата, но квалитетот доста чини. Поради тоа врвните клубови патеа во последно време. Сепак и покрај тоа еден Манчестер Сити успеа да ги доведе Рубен Дијас, Феран Торес и Аке. Челси потроши 200 милиони евра за потписот на Вернер, Хаверц, Чилвел, Зијех… додека Барселона и Реал Мадрид воопшто не доведоа играчи“

 

Се вчитува...