Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен за утрешниот дуел од Ла Лига против Елче, откако тренерот Карло Анчелоти реши да не го вклучи во тимот најдобриот стрелец на „кралевите“, Карим Бензема.
Французинот не е повреден, но имаше пеколно темпо од клупски и репрезентативни настапи во последните месеци, по што италијанскиот стратег реши да му даде одмор. Тој денеска не тренираше со остатокот од тимот, по што беше објавено дека Бензема воопшто нема да патува со „кралската експедиција“ во Елче.
Бензема досега одигра дури 1159 од вкупно 1170 минути во тимот на Реал, што беше доволна причина Анчелоти да му даде одмор за да не ризикува да дојде до евентуална повреда поради премореност.
Се очекува местото на францускиот голгетер од првата минута да му припадне на Лука Јовиќ, додека шанса од клупата ќе чека Маријано Дијаз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА