Анчелоти: Навивачите се во право кога ги критикуваат играчите на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа го совлада Шахтјор во 4 коло во Лигата на фудбалските шампиони, но, домашните фанови на „Сантијаго Бернабе“, покажаа дека не се задоволни од играта. Тие во неколку наврати упатија свирежи кон „кралевите“, на што реагираше и тренерот, Карло Анчелоти.

Италијанецот потенцираше дека критиките се оправдани, па изјави дека на Реал му следува период на рехабилитација и прогрес.

„Ги разбирам навивачите и нивната реакција бидејќи ја знам атмосферата на стадионот. Тоа е публика која очекува многу. Добро е што навивачите не се демотивираат од свирежите, тоа е знак дека тие се свесни за тоа дека треба да играат подобро“, потенцираше Анчелоти откако неговиот тим ги освои бодовите и се проби на лидерската позиција во групата „Д“.

Се вчитува...