Андреј Магдевски избран за МВП на колото во романскиот шампионат

Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски е прогласен за играч на второто коло од романското првенство. Неверојатната партија против Рапид Букурешт и првиот трипл-дабл во кариерата на Андреј Магдевски не можеа да останат незабележани во оној статистички сегмент во најсилната лига на Романија.

Секако поради својата ол-раунд изведба, во која за за 30 минути на теренот во дуелот со Рапид од Букурешт, искусниот бек постигна 13 поени, 13 асистенции и 10 скока. Се заедно доволно за индекс 30.

Неговата игра е главната причина што Плоешти има две победи по првите две кола од новата сезона во романскиот шампионат.

Се вчитува...