Андреј Магдевски во идеалната петорка на романското првенство (ФОТО)

Андреј Магдевски се најде во идеалната петорка на 13. коло во романското првенство откако блеска со „ол ароунд“ натпревар во победата на неговиот Плоешти над Таргу Јиу 94-88. Македонскиот интернационалец мечот го заврши со 10 поени, 13 асистенции и 7 скока за 34 минути поминати на паркетот.

Интересно заедно со Магдевски во идеалната петорка се најде и минатогодишниот член на Вардар и Работнички, Михајло Богдановиќ кој одигра само пет средби во македонското првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liga de Baschet (@ligadebaschet)

Се вчитува...