Андреј Цветковски од Пелистер во Куманово

Куманово ја пополни плејмејкерската позиција по заминувањето на Младеновиќ во Работнички, откако „сино-белите“ денеска потпишаа договор со Андреј Цветковски. Станува збор за играч кој пристигнува од редовите на Пелистер, директен ривал на кумановци за шестото место и влез во Супер-лигата. Цветковски имаше солидна минутажа и прикажуваше добри партии во дресот на битолчани, но од лични причини реши да си замине и кариерата да ја продолжи во Куманово.

Станува збор за кошаркар кој пред две години имаше сериозна повреда на коленото, заработена на стартот од подготовките со Блокотехна. Тој потоа се врати на терените, вториот дел од ланската сезона го мина во дресот на Вардар, за летово да потпише договор со Пелистер.

Кумановци моментно имаат една победа повеќе од Пелистер во трката за влез во Супер-лигата. Во следното коло Куманово му гостува на Вардар, додека МЗТ Скопје ќе биде домаќин на Пелистер.

Се вчитува...