Андрески: Работнички не заслужува да биде на дното

Работнички со нов шеф на стручниот штаб утре (14.30 часот) ќе му гостува на Шкупи во Чаир. Марјан Андрески ќе го има дебито на клупата, а промената на кормилото треба да претставува еден вид шок-терапија за фудбалерите.

Андрески верува дека Работнички утре ќе се претстави во многу подобро издание на дуелот со Шкупи.

„Работнички не заслужува да биде на дното и треба сите максимално да се потрудиме што е можно побрзо да излеземе од резултатската криза. Имаме квалитет, можеби на одредени мечеви и среќата не беше на наша страна, но мораме да смогнеме сили, да заиграме подобро и да бележиме позитивни резултати во серија. Верувам дека уште утре тимот ќе покаже многу повеќе“, изјави новиот шеф на стручниот штаб, Марјан Андрески за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...