Андрески: Се трудиме да излеземе од кризата

Работнички е во лош ритам во првенството, но посакува да се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија. Утре (13.30 часот) „романтичарите“ ќе го пречекаат Пелистер на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и се надеваат дека ќе обезбедат пласман во следната рунда од најмасовното натпреварување.

На првиот дуел под „Тумбе кафе“, Работнички ремизираше против Пелистер (1-1).

„Работиме напорно и се надеваме дека брзо ќе излеземе од кризата. Ги анализираме грешките, се обидуваме да излеземе подобри и единствено мерило сепак се резултатите. Верувам дека тимот ќе одговори позитивно и ќе го покаже квалитетот на утрешниот куп-натпревар против Пелистер. Наша цел е пласман во следната рунда од ова натпреварување“, изјави тренерот Марјанчо Андрески за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...