Ањели: Јувентус сака да освои титула на терен

Италијанскиот првак Јувентус сака да ја освои титулата на терен и се залага за комплетно доигрување на Серија А, истакна првиот човек на клубот Андреа Ањели на онлајн – собранието на клубовите од елитната дивизија во Италија. Неговиот предлог го поддржаа буквално сите 20 клуба и се чека датумот нза рестарт на шампионатот. Дел од покраините во Италија дадоа зелено светло за олабавување на мерките, што значи дека и фудбалските клубови ќе почнат со индивидуални тренинзи од 4 мај, а две седмици подоцна и групни тренинзи во фудбалските центри.

„Знаете дека јас не сакам да излегувам многу често во јавноста, но би сакал во името на Јувентус да ја истакнам клупската намера за комплетно доигрување на Серија А. Трката за шампионската титула е тесна и ние сакаме да ја освоиме на теренот. Има доволно време и за подготовки и за доигрување на сезоната. Би сакал да им се заблагодарам за препораките и поддршката и на УЕФА и на ЕКА“, изјави Андреа Ањели.

 

Се вчитува...