Ангеловски: Ги повикувам навивачите да го наполнат „Филип Втори“, сега ни е потребна поддршка против Ерменија

Македонија, согласно планираното, рутински се чини стигна до посакуваната победа против аутсајдерот Гибралтар на стартот од натпреварување во Лигата на нации. Но, веќе во недела на „Филип Втори“ не очекува еден од клучните натпревари во групната фаза од ова натпреварување, дуелот против Ерменија.

Свесни се во националниот тим дека многу нешта околу нашите амбиции за освојување на првото место во групата зависат токму од овој дуел, поради што и селекторот Игор Ангеловски повикува на мобилизација на навивачкото ткиво

„Уште од ждрепката за натпреварите во Лигата на нациите нагласував дека средбата против Ерменија во Скопје ќе биде една од клучните околу амбициите за првото место во групата. Во Гибралтар ја остваривме посакуваната цел, а сега мора максимално да се фокусираме на Ерменија. Деновиве ќе го анализираме и во детали нивниот натпревар со Лихтенштајн, по што ќе ја заокружиме сликата за следниот противник. Но, мора да нагласам дека сега и тоа како ни е неопходна поддршката од трибините. Затоа ги повикувам навивачите да го исполнат нашиот најголем стадион во недела, и во еден од најважните натпревари во ова натпреварување да дадат поддршка за момците затоа што навистина го заслужуваат тоа“ – вели Ангеловски.

Се вчитува...