Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, дополнително го повика Кристијан Тошевски за претстојните средби со Гибралтар и со Ерменија. Дефанзивецот на Вардар ќе се појави од стартот на подготовките, а во А-тимот доаѓа на местото на Аријан Адеми, кој заработи повреда и ќе мора да отсуствува околу еден месец од фудбалските терени.
Во ситуација кога Ангеловски смета дека средниот ред е добро покриен, селекторот реши замената за Адеми да ја насочи кон дефанзивата, најмногу поради фактот дека се уште е неизвесно колку Дарко Велковски е здрав за да одигра цел натпревар откако го пропушти стартот на сезоната со Ријека.
Македонската репрезентација првиот собир ќе го одржи на 3 септември во Гибралтар и во оваа земја ќе се подготвува за премиерниот дуел што на програмата ќе биде на 6 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА