Ангеловски и Пандев гласаа за победникот Модриќ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, и капитенот на националниот тим, Горан Пандев, своите гласови ги дадоа за победникот Лука Модриќ.

Ангеловски најмногу гласови му додели на Модриќ, а потоа гласаше и за Рафаел Варан, и за Кевин Де Бруине.

Фаворит на Горан Пандев исто така беше Лука Модриќ, пред Антоан Гризман и Кристијано Роналдо.

Се вчитува...