Ангеловски: Многу значајна победа, но ништо не е готово

Македонија има „два од два“во Лигата на нации. Целта е исполнета, во нотесот на Игор Ангеловски и репрезентативците има „рецка“ и за Ерменија. Триумф од 2-0, а селекторот вели дека резултатот е најзначаен на вакви мечеви кога влогот е преголем. Игра за око, на некои други натпревари.

„Ова е многу значајна победа за нас. Посакувавме да го отвориме натпреварувањето во Лигата на нации со две победи, и успеавме во тоа. Искрено, се беше подредено на резултатот. Но, ништо не е готово, има уште четири натпревари во кои ќе мораме да бидеме уште подобри. Им честитам на момците за прикажаната игра, за борбеноста и за залагањето, а на следните мечеви би сакал да бидеме и уште подобри“, изјави селекторот Игор Ангеловски по триумфот над Ерменија.

Се вчитува...