Ангеловски: Утрешниот меч со Ерменија ќе го одлучи победникот во групата!

Според македонскиот селектор Игор Ангеловски утре против Ерменија од 18 часот на националната арена „Филип Втори“ е најважниот натпревар за нас во Групата 4 од Д Лигата на нации кој може да го одлучи победникот во групата.

„Добро ги анализиравме Ерменците, па може да кажам дека подготвени пристапуваме на натпреварот. Има одлична атмосфера меѓу фудбалерите. После победата со Гибралтар сега сигурно сакаме да продолжиме со победите. Ерменија е нашиот најголем конкурент за првото место во групата. Мислам дека токму овој меч ќе одлучи околу победникот во групата од Лигата на нациите“ – рече Ангеловски на денешната прес-конференција, уште еднаш повикувајќи ги навивачите да дојдат во што поголем број на „Филип Втори“ и да дадат поддршка за репрезентативците.

„Ерменскиот состав е полн со одлични индивидуалци предводени од Мкхитаријан, а добро ги познаваме и Хамбарџумјан и Барсегјан од македонското првенство кои се едни од најдобрите странци кои играле во Македонија во историјата. Ќе биде тежок меч, затоа ни е потребна поддршката од трибините“ – истакна македонскиот селектор.

Се вчитува...