Ангеловски во друштво на најдобрите од Мундијалот (ФОТО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, се наоѓа во Лондон, во друштво со останатите предводници на националните селекции, а главна тема на собирот е анализата на натпреварите на Светското првенство во Русија. Тој има можност да се дружи токму со најдобрите, со Дидие Дешамп, селекторот на новиот светски првак Франција, и со Златко Далиќ, кој ја предводеше Хрватска до второто место на Мундијалот.

„Секогаш има што да се научи на ваквите собири, а чест е да се разговара и да се црпи искуство од најдобрите. Франција и Хрватска покажаа најмногу на Мундијалот во Русија, но имаше и многу новини на тактички план кај останатите селекции. Фудбалската игра оди напред, а се надевам дека дел од овие искуства ќе успееме да примениме и во нашиот национален тим на наредните мечеви од Лигата на нации“, вели за ЕКИПА од Лондон, селекторот Игор Ангеловски.

Се вчитува...