Англија има негатива од 0-1 по првото полувреме против Конго, а фановите на „гордиот албион“ покрај во слабото издание на своите миленици вината за ваквиот резултат ја бараат и кај судијата Махадмех од Јордан, и тоа за недосудениот пенал над Хари Кејн пред крајот на полувремето.
Англискиот голгетер истрча зад одбраната, стигна прв до топката и потоа падна во шеснеаетникот… постоеше контакт меѓу неговата нога и раката на голманот, но судијата од Јордан процени дека тој контакт бил инициран од самиот Англичанец.
Тухел и неговите избраници бурно протестираа, ситуацијата беше прегледана и во ВАР-собата, каде само ја потврдија првичната судиска одлука.
Спорната ситуација и стартот на африканскиот голман над англискиот капитен може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
