Англичаните бесни поради начинот на кој беше испеана нивната химна во Неапол

Фудбалската репрезентација на Англија со триумф на гостувањето кај Италија од 1-2 ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Италијанската пејачка Елеонора требаше да ја пее националната химна на Англија.  Сепак, таа не се прослави. Заглави уште на третиот збор каде го промаши текстот и интонацијата и ги остави репрезентативците на Англија со збунети изрази.

Елеонора потоа се извини и објасни дека за се биле виновни техничките проблеми. Во Англија се револтирани од целиот настап поради катастрофалната изведба која ја сфатија како навреда.

 

Се вчитува...