Англичаните на чекор до финале, по првиот дел (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Англија има предност од 1-0 по првото полувреме од полуфиналната пресметка против Хрватска, што се игра на стадионот „Лужњики“ во Москва. Победникот од овој дуел ќе ја предизвика Франција во големото финале на Мундијалот во Русија.

Киран Трипие со фантастичен погодок од слободен удар донесе водство за гордиот Албион во петтата минута од натпреварот.

 

Се вчитува...