Англичаните предвидуваат: Македонија ќе го победи Казахстан со 0-1!

Англискиот аналитички спортски медиум „Спортмол“ во најавата за утрешниот квлификациски натпревар меѓу Казахстан и Македонија во Астана, вообичаено даде и своја прогноза околу конечниот исход на дуелот во квалификациите за СП 2026.

Англичаните предвидуваат дека Македонија ќе го победи Казахстан со 0-1.

„Тешко е да се замисли дека Казахстан ќе избегне пораз во понеделник, со оглед на низата неуспеси во последните недели. За разлика од нив, Македонија пристапува кон натпреварот во Астана во добра форма и со силна самодоверба, посебно и по ремито со Белгија. Се очекува гостите да дојдат до победа“ – пишува „Спортсмол“.

Натпреварот Казахстан – Македонија се игра утре (9 јуни) со почеток од 16 часот по македонско време на Астана Арена во Астана.

Англичаните прогнозираат дека вториот утрешен натпревар од нашата квалификациска група меѓу Белгија и Велс ќе заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...