Англичаните со јога се релаксираат пред дуелот со Хрватска

Англија е во полуфиналето на Светското првенство, а Герет Саутгејт и неговите избраници се надеваат дека „фудбалот ќе се врати дома“. Фокусот е максимално на дуелот против Хрватска в среда, а концентрацијата се подобрува со вежбање јога. Хари Кејн и соиграчите добија посебен јога инструктор, кој треба да ги релаксира и да ги подготви уште подобро за следната битка од Мундијалот.

„Спојте ги колената, притиснете со задникот и бидете сигурни дека дишите правилно. Енергијата треба да дојде од вашата внатрешност“, им објаснил инструкторот по јога на англиските репрезентативци.

 

Се вчитува...