Англичаните „удрија во ѕид“ наречен Гана – Кејн промаши победа (ВИДЕО)

По победата над Хрватска од 4-2 на отворањето на Светското првенство 2026, репрезентацијата на Англија „удри во ѕид“ во 2. коло од натпреварите во Групата Л.

Англичаните, и покрај огромната фаворитска улога, не успеаја да го оправдаат квалитетот на хартија ремизирајќи без голови со селекцијата на Гана.

Во малку интересен натпревар, Англија повеќе напаѓаше во желбата за три бода, посебно во второто полувреме, но сето тоа максимално јалово без никакво решение за одличната тактичка поставеност на селекцијата на Гана, која повеќе од заслужено дојде до бодот.

Најголемата можност за победа Англија ја имаше во 87. минута, кога беше погоден дирекот од противничкиот гол, а Хари Кејн го промаши невозможното од само седум-осум метри пред голот на Гана.

По ова реми и двете селекции сега се со четири бода на врвот од табелата.

Се вчитува...