Шест децении, Англија чекаше конечно да ја прекине непријатната традиција на Светските првенства.
Во моментот кога ДР Конго поведе во седмата минута, Би-би-си спорт објави лоша информација што ги замрзна сите англиски навивачи:
„Англија не победила во ниту еден од последните 13 натпревари на Светското првенство кога прва примила гол. Последниот пат кога го сториле тоа беше пред точно 60 години, во финалето во 1966 година против Германија.“
За среќа на Англичаните, сегашната генерација го има Хари Кејн во своите редови. Капитенот беше спасител по којзнае кој пат. Во последните 15 минути, тој постигна два гола и донесе осминафинале за Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
