Англија броеше до четири против Андора, минимални победи на Албанија и Бугарија

По пет одиграни кола во квалификациите за Светското првенство, Англија сеуште не знае за пораз. Последна коja налета на „гордиот албион“ беше Андора над која Англичаните славеа со 4-0 со головите на Џеси Лингард кој стрелаше во 18. и 78. минута, Кејн во 72. минута и Сака во 85. минута од мечот.

На победа се радуваше и Албанија која на домашен терен славеше над Унгарија со 1-0. Стрелец на единствениот гол на мечот беше 19-годишниот Армандо Броја во 87. минута од натпреварот.

На победа од 1-0 се радуваше и Бугарија која со голот на Ивајло Чочев во 82. минута од мечот славеше над Литванија. Со овој триумф Бугарите остануваат во игра за втората позиција во групата во која се уште Италија, Швајцарија и Северна Ирска.

Се вчитува...