Англија е нов четвртфиналист на овој мундијал откако „гордиот албион“ во супердраматиченн меч славеше над домаќинот Мексико со 2-3, обезбедувајќи дуел со Норвешка. Англичаните со овој триумф станаа прва селекција што како победник го напушта „Азтека“ стадионот, каде Мексиканците не знаеја за пораз на досегашните десет одиграни натпревари.
Џуд Белингем е ѕвездата што го реши овој натпревар, откако асот на Реал Мадрид постигна два гола за три минути кон крајот на првото полувреме. Двата беа реализирани од полуконтра, првиот со глава по центаршутот на Сака, а вториот по додавањето на Хари Кејн, за шок на мексиканските фудбалери и навивачи во Мексико Сити.
Кињонес реализираше за 1-2 пред самиот крај на полувремето за најава на драмата во вториот дел, која стана уште поголема откако Англија остана со играч помалку по дирекниот црвен картон на Кванса.
Избраниците на Тухел сепак со играч помалку стигнаа до 1-3 со голот од пенал на Хари Кејн, Мексико намали преку Хименез, исто така од белата точка, а домаќините имаа одлична шанса во 102. минута, но беа за сантиметри непрецизни шутирајќи крај голот на Пикфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
