Англија и Хрватска по продолженија ќе го бараат патот до финалето на СП

Фудбалските репрезентации на Англија и на Хрватска ќе мораат да одиграат и продолженија за да го одлучат вториот патник во финалето на Светското првенство во Русија. По регуларните 90 минути, резултатот е 1-1. Во финалето чека селекцијата на Франција, која во првото полуфинале беше подобра од Белгија (1-0).

Англичаните први поведоа на овој дуел со голот на Киран Трипие од слободен удар во петтата минута од мечот. Хрватите долго бараа израмнување, а го донесе Иван Перишиќ со погодокот во 68.минута од натпреварот.

 

Се вчитува...