Англија ја „скина“ мрежата на Сан Марино и се „чекираше“ во Катар – Полска преку бараж ќе бара „билет“ за СП (ВИДЕО)

Фудбалерите на Англија буквално ја „скинаа“ мрежата на Сан Марино, успевајќи уште во првото полувреме да го декласираат домаќинот со шест гола, а до крајот на мечот на семафорот запишаа неверојатни десет погодоци. По ваквиот исход работите се веќе јасни, Англија обезбеди директен пласман на Светското првенство во Катар.

Убедливата победа ја најави дефанзивецот на Јунајтед, Хари Мегваер во 6. минута. Потоа следуваше постојано зголемување на разликата, а во листата на стрелци се запишаа Филипо Фабри во 15. минута и неверојатниот Хари Кејн, кој стапи на сцена во 27. 32. 39. 42. минута. До крајот на мечот во листата на стрелци се запишаа Емил Смит Роу, Тајрон Мингс, Тами Абрахам, како и Букајо Сака.

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1460334528975839242/pu/vid/1280×720/8EoJLeerKTZbNTJ9.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1460336937873690631/pu/vid/1280×720/X1rjMQ1JLGzOX643.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1460339992077742085/pu/vid/1280×720/VoN3US_9iYosTJ7b.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1460341022974750723/pu/vid/1280×720/2v1SOcTLCJJwurxL.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1460342911917248513/pu/vid/1280×720/IevSXcCUt_vlOopc.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1460343606590550025/pu/vid/1280×720/4iQHxso5BuPD8ZnD.mp4?tag=12

Полска на домашен терен загуби од Унгарија со 1-2, па по овој пораз, но и по убедливата победата на Англија над Сан Марино, својата шанса за настап во Катар ќе ја бара преку бараж натпреварите.

Андраш Шафер 37. минута го отвори резултат за 0-1, а Карол Свидерски во 62. намали на 1-1, сепак, Даниел Газдаг ја запечати судбината на домаќините, постигнувајќи победнички гол во 80. минута.

 

Се вчитува...