Англија славеше во Албанија, Шпанците со пресврт во 92. минута до триумф во Тбилиси (ВИДЕО)

Англија славеше против Албанија со 0-2 на гостувањето во Тирана во 2. коло од Групата И во квалификациите за СП 2022.

Англичаните до победата дојдоа со погодоците на Хари Кејн во 39. минута, и Маунт во 63. минута.

Albania 0 – [1] England – Harry Kane 38′ from r/soccer

Во Групата Б, пак, Шпанија во Тбилиси успеа со пресврт да дојде до победа од 1-2 против Грузија благодарение на голот на Олмо во 92. минута.

Грузијците претходно поведоа со голот на Кварачкелија во 44. минута, а Шпанците израмнија со голот на Торес во 56. минута.

Georgia [1] – 0 Spain – Khvicha Kvaratskhelia 43′ from r/soccer

Данска во Групата Ф ја демолираше Молдавија победувајќи со 8-0.

Се вчитува...