Англиска битка за Левандовски

Роберт Левандовски повторно се наоѓа во центарот на вниманието откако Манчестер јунајтед и Челси искажале сериозен интерес да го доведат полскиот ас во своите редови. Полјакот имаше потпросечен настап на СП 2018, а поради нарушените односи во Баерн Минхен се уште инсистира на заминување од „Алијанц арена“.

Мурињо верува дека и покрај силната конкуренција во нападот може да ги вклопи Левандовски, Лукаку и Алексис Санчез, додека во Челси на полскиот ас се гледа како на нов предводник во нападот. Дури и доколку Игуаин пристигне на „Стемфорд бриџ“, Роман Абрамович сака да го доведе и Левандовски за да формира атомски напад со кој лондонскиот клуб би заиграл офанзивен фудбал под водство на новиот стратег Маурицио Сари.

И двата клуба се подготвени да платат по 70 милиони фунти, но проблем е ставот на Баерн – дека Левандовски не е за продажба. Баварскиот гигант не сака ни да чуе за разделба од својот најдобар стрелец, пред неполни два месеци одби и понуда на Реал Мадрид, а ставот на Румениге и Хенес во меѓувреме остана непроменет. „Билд“ тврди дека Левандовски ќе бара состанок со управата пред воопшто да почне да тренира со тимот. Оваа средба се очекува да се случи до крајот на оваа седмица, се најавува дури и ултиматум на Полјакот, но тешко е да се поверува дека ставот на Баерн ќе биде променет, без оглед на мултимилионските понуди што се подготвени во Премиер-лигата.

Се вчитува...