Англиската федерација го суспендираше Винсент Компани

Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е суспендиран и казнет поради црвениот картон што го доби на натпреварот со Челси. Барнли освои бод на „Стемфорд бриџ“ во натпреварот од 30. коло во Премиерлигата.

Белгиецот беше исклучен во 43. минута поради протест поради исклучувањето на Лоренц Асињон, кој доби втор жолт картон. Компани потоа дополнително го критикуваше судењето во Англија, велејќи дека арбитрите не биле на потребното ниво.

Како резултат на тоа, тој беше суспендиран со два натпревари, а исто така ќе биде казнет со 10.000 фунти.

Се вчитува...