Кристијано Роналдо се надеваше дека со своето писмо ќе ја сврти јавноста на своја страна, но суперѕвездата очигледно не успеа во својата намера откако португалските фанови веќе стануваат свесни за раздорот по кој нема враќање, притоа давајќи му поголема поддршка на селекторот Жезус отколку што Роналдо очекуваше.
Имено, весникот „Абола“ во текот на вчерашниот ден објави анкета во која читателите имаа можност да го дадат своето мислење за конфликтот, а објавените резултати по 25.000 гласови дефинитивно го разочараа Кристијано.
Над 70% од оние кои гласаа веруваат дека неговата приказна во репрезентацијата е завршена и дека веќе не постојат услови за негов камбек.
Речиси 14% веруваат дека ситуацијата ќе се смири и Роналдо пак ќе заигра за Португалија, додека 7% веруваат во најнереалната опција, Кристијано не само што ќе се врати, туку ќе биде тренер – селектор во наредниот период.
Информациите од Португалија говорат и дека репрезентативните колеги останале во шок по објавата на Кристијано, јасно ставајќи до знаење дека голгетерот воопшто не е во право заземајќи ја целосно страната на селекторот во овој конфликт.
Од друга страна, федерацијата притиска на примирје поради богатите комерцијални договори што се поврзани со Роналдо, па интересно ќе биде да се види конечната разврска на овој конфликт кој го потресе светскиот фудбал изминатите десетина дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
