Анри ја избра најсовршената напаѓачка тројка на денешницата: „Ве молам, некој нека ги спои во еден тим“

Тјери Анри го прогласи Кевин Де Брујне за најпаметен играч кој некогаш го видел. Белгиецот постигна прекрасен гол против Реал Мадрид во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, во кој неговиот Манчестер сити одигра 1-1 на „Сантијаго Бернабеу“.

Легендарниот стрелец потоа се восхитуваше и на другиот стрелец на мечот, Винисиус од Реал, за да на крај да ја состави најсовршената напаѓачка тројка на денешницата.

„Винисиус Јуниор од лева страна, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд напаѓачко совршенство… Ве молам, некој нека ги спои во еден тим“ – рече Анри.

Винисиус и Мбапе речиси станаа соиграчи минатото лето кога Французинот беше блиску до доаѓање во Реал Мадрид. На крај ги одби „кралевите“ и остана во ПСЖ.

Се вчитува...