Ансу Фати донесе одлука: Нема да оди на операција, повредата ќе ја лекува со алтернативна медицина

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати одлучил да не оди на операција поради повредата на бицепсната тетива на левата нога. Крилниот напаѓач го направил својот избор по состанокот со медицинскиот персонал на клубот во понеделникот, на кој присуствуваше и неговото семејство.

Според „Мундо Депортиво“, Фати поради повредата на левото колено не сака повторно да оди на операција. На ист став се и клупските лекари. Во секој случај, неговото отсуство од терените ќе изнесува најмалку два месеци.

Каталонскиот весник „Спорт“ смета дека шпанскиот репрезентативец ќе се обиде со алтернативна медицина, но во исто време побарал повеќе време за својата конечна одлука. Барса, пак, бара операција за да може 19-годишниот Фати целосно да се опорави и да започне свеж во новата сезона.

Се вчитува...