Антетокуомпо го запре „Кралот“, Вашингтон славеше со Њу Орлеанс

Изминатава ноќ во НБА лигата во центарот на вниманието беше пресметката меѓу Милвоки и Кливленд која им припадна на домаќините со 119-116.

И покрај тоа што Кливленд успеа да надополни 20 поени негатива во последниот квартал (беше 103-83), со серија од 24-3 дојдоа и до 105-107, сепак на крајот Милвоки дојде до победата благодарение на Јанис Антетокуомпо.

Антетокуомпо беше играч на мечот со 27 поени, 14 скока и 8 асистенции…

„Ова е голем чекор за нашиот тим. Покажавме зрелост. Обично во вакви ситуации секогаш губиме, но ете сега славевме против Кливленд“ – рече по мечот Антетокуомпо.

На Кливленд не му помогна ниту одличната партија на Леброн Џејмс кој постигна 39 поени, дополнети и со 7 асистенции. Кевин Лав постигна 21 поен, Двејн Вејд дополни со 14 поени.

Вашингтон славеше против Њу Орлеанс со 116-106, а се истакнаа Бредли Бил со 26 поени, од кои 14 постигна во третиот квартал во кој домаќинот со 32-15 го „скрши“ мечот.

Одличен беше Мајк Скот со 24 поени, Џон Вол постигна 18 со плус 10 асистенции, додека Гортат запиша исто така „дабл-дабл“ со 10 поени и 14 скока.

Кај Њу Орлеанс најефикасен беше Ентони Дејвис со 37 поени, и 9 скока, додека ДеМаркус Казинс запиша 26 поени, плус и 13 скока.

Во последниот меч од вечерта Сакраменто славеше на гостувањето против Филаделфија со 95-101.

tabela NBA Istok

tabela NBA Zapad

Се вчитува...